28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSpringfield со нова колекција пролет/лето 2014

Springfield со нова колекција пролет/лето 2014

springfield

Како и секоја сезона така и оваа, низ колекцијата на шпанскиот бренд за жени и мажи Springfield се провлекуваат повеќе теми и лајт мотиви. Трендовите се присутни, но зачинети со лежерност и безброј можности за комбинации.

ЖЕНСКА КОЛЕКЦИЈА

НОВА РУСТИКА

fashion1

Оваа линија претставува мешавина од нежност и женственост преку лесни материјали и романтични везови, а само на моменти е присутна црната боја за да му даде доза на острина на целосниот изглед. Жакардот и текстурите се во контраст со геометриските фигури.  Фустаните со етно инспирација, декорираните и блузи и модни додатоци го комплетираат изгледот.

 

УРБАН ПАТНИК

fashion2

Етно иснпирацијата продолжува и во оваа линија во која доминираат парчиња со боја на индиго, материјали со текстура и доработка како избледување на тексасот. Особено интересни се етно везовите во комбинација со тексас кои ѝ даваат карактер на колекцијата, како и широките блузи, палтата и модните додатоци со принтови.

 

МОРНАРНСКИ ШАРМ

fashion3

Лежерниот стил се среќава со урбаната атмосфера во експлозија од бои, риги и цветни принтови. Колекцијата се одликува со памучни материјали со разни апликации, шорцеви со тантела, целосни тексас панталони, капчиња и платнени патики.

 

МАШКА КОЛЕКЦИЈА

ЦЕЛОСНО БЕЛО

fashion4

Природен пристап кон машката секојдневна облека. Белата и неколку нијанси на бежова боја доминираат, а се балансирани со сиви и сини нијанси. Избелувањето на материјалите е карактеристично за оваа линија. Маиците имаат едноставни принтови кои речиси се претопуваат во позадината.

 

ХЕМПТОНС

fashion5

Софистициран тренд со современ белег. Пастелни бои во комбинација со темно сина и бела. Блејезерите и кошулите со ситно каро се задолжителни за ваков изглед.

 

ОД КАЛИФОРНИЈА ДО ТРОПСКИТЕ КРАИШТА

fashion6

Нова верзија на бохо стилот инспирирана од екцентричноста на Калифорнија и тропските елементи. Избледени тонови на сина и зелена, бежова и портокалова, геометриски и цветни принтови. Кошулите се со целосен цветен дезен во неколку нијанси на зелена боја, а чевлите се кожни.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП