6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени тензии меѓу Турција и Кипар поради природниот гас

Зголемени тензии меѓу Турција и Кипар поради природниот гас

ET_101111Econo

Истражувањето на крајбрежјето на Кипар во потрага по јаглеводороди, придонесе за зголемување на тензиите меѓу Анкара и Никозија.

Заменик-портпаролот на кипарската Влада Викторас Пападопулос денеска изјави дека властите ја проучуваат информацијата дека во саботата турски брод го следел норвешкиот брод кој извршува сеизмички истражувања во специјалната економска зона источно од Кипар.

Турските Вооружени сили меѓутоа соопштија дека нивни брод, кој учествувал во операцијата „Медитерански штит“, му наредил на норвешкиот брод да го напушти реонот бидејќи се наоѓа во турски територијални води.

Кипарските власти тврдат дека инцидентот се случил во специјалната економска зона.

„Турција се обидува да создаде криза во реонот со закани и провокации. Немаме намера да паднеме во таа замка. Мислам дека најдобриот одговор, кој можеме да го дадеме на турските провокации е да продолжиме да ги реализираме плановите за откривање на јаглеводородните ресурси, кои се наше енергетско богатство“, истакна кипарскиот министер за одбрана Фотис Фотиу.

Турција не ја признава морската граница на Република Кипар во Средоземното Море.

Крајбрежјето на Кипар е поделено на 13 блокови. Во 2011 година американската компанија „Нобл енерџи“ откри околу 140 милијарди кубни метри природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП