28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцепт на новата Škoda Fabiа пристигнува во Женева?

Концепт на новата Škoda Fabiа пристигнува во Женева?

fabia koncept

„Škoda“ планира на претстојниот авто-саем во Женева да ја претстави пред-продукциската верзија на новата генерација на моделот „Fabia“, дознава „Auto express“.

Како што пишува овој магазин, новата „Fabia“ ќе биде поставена на скратената платформа на „Volkswagen – MQB“, која ја има ознаката „MQB-A“. Истата платформа ќе биде користена и при конструирањето на следната генерација на моделот „VW Polo“, како и за новата „Seat Ibizа“.

Како резултат на тоа, третата генерација на „Fabiа“ ќе биде подолга и поширока од актуелната верзија на овој модел, што ќе придонесе за повеќе простор во кабината и багажникот на автомобилот.

Палетата на погонски единици ќе ги опфати „TSI“ и „TDI“ моторите на групацијата „Volkswagen“, а можно е меѓу нив да се најде и агрегатот на моделот „VW Up!“. „Škoda“ уште претходно најави дека новата генерација ќе биде лансирана без спортската „vRS“ верзија која се укинува поради слабата побарувачка.

Чешкиот производител соопшти дека новата „Fabia“ ќе има помалку конзервативен изглед и дека со дизајнот повеќе ќе се доближи до вкусот на младата популација. За да привлечат повеќе млади купувачи во „Škodа“ имаат намера автомобилот да го опремат со систем кој овозможува подобра поврзаност преку смартфоните.

Продукциската верзија на новата „Fabiа“ би требало да биде претставена на саемот за автомобили во Париз во есента оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП