4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорупцијата ја чини ЕУ околу 120 милијарди евра годишно

Корупцијата ја чини ЕУ околу 120 милијарди евра годишно

korupcijakoreueu1

Раширената корупција низ ЕУ ја чини годишно економијата на Унијата, околу 120 милијарди евра, покажува најновиот извештај на Европската комисија.

Според лондонските медиуми, во извештајот се вели дека корупцијата ја поткопува вербата во демократијата и ги исцрпува ресурсите за организирање и одржување на економија, заснована на правни норми.

Извештајот е изработен врз основа на анализите што се направени во сите 28 земји-членки на ЕУ.„Корупцијата се шири секоја година, па може да се најде и во Шведска, која има најмалку проблеми со неа“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи, Швеѓанката Сесилија Малмстрем.

Европската комисија им порача на земјите членки дека, пред се, тие се должни да се борат и да ја елиминираат корупцијата, а не тоа да се очекува од Брисел, откако истражувањето што е направено покажува дека четворица од 10 бизнисмени ја опишуваат корупцијата како пречка за правење бизнис зделки во ЕУ.

Извештајот на ЕК вели дека корупцијата е раководена од организирани криминални групи и организации кои имаат изработена софистицирана мрежа.

Како „жешки точки“ за организиран криминал обично се посочуваат Бугарија, Романија и Италија. Во извештајот сега се посочува дека и криминалот „со бели крагни“ што се огледува низ давањето и примање поткуп и измамите со данокот на додадена вредност, веќе имаат зафатено многу земји во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП