3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Забавен падот на производството

Франција: Забавен падот на производството

francija

Падот на активностите во производствениот сектор во Франција вo јануари оваа година видно забави, покажуваат резултатите од анкетата на Маркит меѓу менаџерите во оваа индустрија.

Во јануари индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) изнесуваше 49,3 поени, што е највисокото ниво започнувајќи од септември минатата година и се приближува до границата од 50 поени, која го одделува растот од рецесијата.

Во декември вредноста на овој индекс изнесуваше 47,0 поени.

Новите нарачки во споменатиот период се зголемени благодарение на растот на вредноста на нарачките од странство, и тоа за прв пат во последните три месеци.

„Иако заздравувањето на француската економија и понатака е несигурно, може да се очекува дека новата програма за реформи, која ја започна претседателот Франсоа Оланд ќе предизвика електрошок за деловната клима и повраток на растот“, наведува економистот на Маркит, Џек Кенеди во соопштението кое го пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП