4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија на 16-то место според коефициент на интелигенција во светот

Македонија на 16-то место според коефициент на интелигенција во светот

science-iq

Сингапур, со просечен коефициент на интелигенција (IQ) 108, се наоѓа на првото место на листата на најпаметни држави во светот, додека Македонија е на 16. позиција со IQ 91.

Листата која е изработена врз основа на десетгодишен труд на тим истражувачи, составен од британскиот психолог Ричард Лин, финскиот политиколог Тату Вананен и холандскиот психолог Јелте Вичертс, содржи анализирани податоци за интелигенцијата на жителите на 113 држави во светот.

Литата ја предводи Сингапур со просечен IQ 108, а следат Јужна Кореја со 106 и Јапонија со 105.

Во регионот најдобро рангирана е Словенија, на 11. место со просечен коефициент на интелигенција 96, објави порталот Photius.com.

Италија е четврта со IQ 102, Исланд и Монголија се на петто место со 101, а Швајцарија е
шестта.

Седмото место го делат Австрија, Кина, Луксембург, Холандија, Норвешка и Велика Британија со IQ 100.

Белгија, Канада, Естонија, Финска, Германија, Нов Зеланд, Полска и Шведска со просечен коефициент на интелигенција 99.

На деветто место се Андора, Австралија, Чешка, Данска, Франција, Унгарија, Литванија, Шпанија и САД со IQ 98. Русија,

Белорусија, Малта и Украина се на 10. место со IQ 97.

По Словенија на 11. следи Бугарија на 14. место со IQ 93, Грција на 15. со 92, додека Хрватска, Албанија и Босна и Херцеговина го делат 17. место со просечен коефициент на интелигенција 90.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП