21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит на ЕУ блиску до 3 % од БДП

Буџетскиот дефицит на ЕУ блиску до 3 % од БДП

36096646552ea48f0e6459463398817_368x256

Буџетскиот дефицит на еврозоната во третиот квартал од 2013 година е намален на ниво кое е блиску до официјалната граница на ЕУ од три проценти од БДП, наведува Еуростат.

Во три месеци заклучно со септември 2013 година, буџетскиот дефицит на еврозоната е намален на 3,1 проценти од БДП, од 3,3 проценти кои беа забележани во претходниот квартал и 3,4 проценти од првиот квартал од минатата година, јавува агенцијата АФП.

Станува збор за најнискиот дефицит на еврозоната од третиот квартал од 2008 година, кога тој изнесуваше 2,2 проценти од БДП.

До намалување на дефицитот дошло бидејќи вкупните приходи се зголемиле на 47,1 проценти од БДП од 46,9 проценти од периодот април-јуни, додека расходите се задржале на стабилните 50,2 проценти.

Еврозоната, која во јануари беше проширена на 18 земји бидејќи Летонја го усвои еврото, постепено се опоравува од најлошата рецесија во својата историја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП