7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена продажбата на Barbie во 2013

Намалена продажбата на Barbie во 2013

barbiemattel1

Американскиот производител на играчки „Mattel“ во изминатата година оствари раст на нето профитот од 16,4 проценти, но вкупните приходи се зголемиле за само еден процент.

Приходите се мали како резултат на падот на продажбата на главните брендови, како што е „Barbie“, „Hots Wheels“ и „Fisher-Price“.

Според објавените резултати, компанијата остварила годишен профит по акција од 2,58 долари, додека аналитичарите во просек очекуваа 2,74 долари.

Во четвртиот квартал од минатата година, нето профитот изнесувал 369,2 милиони долари, што е раст од 20,4 проценти на годишно ниво, но приходите во истиот квартал се намалени за 6,3 проценти, на 2,113 милијарди долари, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

На падот на вкупните приходи особено влијание имало намалувањето на продажбата на „Barbie“ од шест проценти за цела 2013 година, додека во четвртиот квартал овој пад бил поостар и изнесувал 13 проценти. Брендовите „Hots Wheels“ и „Fisher-Price“ исто така лани забележаа намалување на продажбата од четири до шест проценти во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП