19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Исланд незадоволни: Невработеноста од 4 % е превисока

Во Исланд незадоволни: Невработеноста од 4 % е превисока

island669

Одлуките кои Исланѓаните ги донесоа пред половина деценија, кога во 2008 година одлучија да не ги спасуваат проблематичните банки, се покажуваат како паметни до денешен ден.

Имено, како што пишува Блумберг, оваа држава и сега би можела да успее и невработеноста да ја намали на неверојатни два проценти.

Додека земјите во Европската унија се борат со високата невработеност, која во Грција и Шпанија надминува 25 проценти, во Исланд само 4 проценти од граѓаните немаат работа. Премиерот Сигмундур Д. Гунлаугсон смета дека тој процент е превисок.

„Политичарите секогаш имаат за што да се грижат. Ние би сакале да забележиме пад на сегашната невработеност од четири на два проценти, што може да им звучи чудно на другите западни земји, но ние Исланѓаните не сме навикнати на невработеност“, изјави 38-годишниот премиер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП