6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW Serieѕ 4 Gran Coupe - нова купе лимузина (фото+видео)

BMW Serieѕ 4 Gran Coupe – нова купе лимузина (фото+видео)

bmw gran coupe

„BMW“ ги објави фотографиите и техничките детали на третиот модел од новата Серија 4 „Gran Coupe“, кој пристигнува по купе и кабриолет верзиите, а ќе има премиера на авто-саемот во Женева.

Новиот модел е развиен следејќи го примерот на поголемата „BMW“ Серија 6 „Gran Coupe“, a на пазарот ќе биде конкурент на „Audi A5 Sportback“.

bmw gran coupe1

„Gran Coupe 4“ превзема голем дел од стилските елементи од соодветната купе варијанта. Предниот дел е премногу сличен со купе верзијата со мали разлики кои се забележуваат во дизајнот на предниот браник и фаровите за магла, додека задниот дел е идентичен.

Погледнте го промотивното видео за „BMW Serieѕ 4 Gran Coupe“:

Германскиот производител истакнува дека купе лимузината во себе ја обединува динамичната силуета на спортски автомобил и функционалност, како и простор во задниот дел, што е особина на класичните седани.

Интересно е тоа дека е поголем просторот во задниот дел од кабината, во споредба со купе верзијата, но не е постигнато зголемување на вкупната должина на возилото или на меѓуосовинското растојание.

bmw gran coupe2

Имено, „BMW Serieѕ 4 Gran Coupe“ има иста должина (4.638 mm) и ширина (1.825 mm) како и купе верзијата, а двата модели имаат и исто меѓуосовинско растојание (2.810 mm).

Разликата во димензиите е направена во висината („Gran Coupe“ e висок 1.389 mm, во споредба со 1.362 mm високата купе верзија), но и благодарејќи на продолжената линија на покривот која кај „BMW Serieѕ 4 Gran Coupe“ е подолг за 112 mm.

bmw gran coupe3

Исто како и кај купе верзија, „Gran Coupe“ ја задржа вратата со прозори без рамка, но наместо класичниот поклопец на багажникот, овој модел доби функционална пета врата која овозможува практичен пристап до багажникот од зафатнина од 480 l.

Дополнителна бенифиција е деливата задна клупа во однос 40:20:40,  со што корисниот простор на багажникот се зголемува на 1.300 l.

bmw gran coupe4

Купувачите на располагање имаат и т.н. паметна функција на отворање на багажникот. Имено, вратата на багажникот може да се отвори и затвори со едноставно поставување на нога под задниот браник, што е корисно доколку двете раце ви се зафатени. Нешто слично решение можевме да видиме на моделот „Ford Kuga“.

На купувачите ќе им бидат понудени три нивоа на опрема: „Luxury“, „Sport“ и „M Sport“, додека моторите се превземени од другите два модели од Серијата 4.

bmw gran coupe5

На почетокот на продажбата, „Gran Coupe“ ќе биде достапен во верзии со три бензински и два дизел мотори. Основниот бензински, 420i, под хаубата ќе има 2.0-литарски четирицилиндарски турбо-мотор со 184 ks (135 kW) и максимален вртежен момент од 270 Nm.

Oд 0 дo 100 km/h овој „BMW“ пристигнува за 7,5 s, a максималната брзина електронски е ограничена на 236 km/h.

Моделот 428i на располагање ќе има дволитарски бензинец со 245 ks (180 kW) и 350 Nm. Автомобилот од место до стотка ќе забрзува за 6,1 s, додека брзината е лимитирана на 250 km/h.

bmw gran coupe6

Kај најмоќниот модел, 435i, 3.0-литарскиот шестцилиндарски мотор ќе произведува 306 ks (225 kW) и 400 Nm, а забрзувањето од 0-100 km/h ќе го постигнува за 5,5 s со мануелниот, односно зa 5,2 s со автоматскиот менувач. И овој автомобил ќе има ограничена брзина на 250 km/h.

Кога станува збор за дизел верзиите, тука е прво 418d со својот четирицилиндарски 2.0-литарски мотор со 143 ks (105 kW) и 320 Nm. Забрзувањето од 0 дo 100 km/h го постигнува за 9,2 s, додека автомобилот може да развие 213 km/h.

„BMW 420d Gran Coupe“ со мотор со иста зафатнина, но со 184 ks (135 kW) и 380 Nm максимален вртежен момент, од место до 100 km/h стигнува за 7,7 s со мануелен менувач (7,5 s со автоматски), a максималната брзина изнесува 236 km/h.

„BMW Serieѕ 4 Gran Coupe“ први во живо ќе можат да го видат посетителите на саемот за автомобили во Женева, а потоа овој модел ќе се најде во продажните салони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП