19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска електронско работење на нотарите и Катастарот на недвижности

Од денеска електронско работење на нотарите и Катастарот на недвижности

katastar trpeski

Нотарите и Катастарот на недвижности во Скопје од денеска почнуваат со електронско работење. Нотарите барањата до Катастарот ќе ги доставуваат по електронски пат со електронски потписи и времен жиг.

„Сите нотари сите свои документи што ги работат со сите договори, хипотеки итн. По електронски пат ќе бидат должни да ги доставуваат до Агенцијата за катастар на недвижности“, рече на прес-конференција директорот на Агенцијата, Славче Трпески.

Документите ќе бидат лесно проверливи, ќе се зголеми одговорноста на нотарите, а со тоа и нивната сигурност.

Од Нотарската комора тврдат секое постапување ќе биде лесно проверливо, а одговорноста за правната сигурност ќе биде на нотарите.

Во Скопје има 64 нотари и сите се подготвени за електронско работење. За 90 дена се очекува да се вклучат сите нотари во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП