2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкуваат работниците на Coca-Cola

Штрајкуваат работниците на Coca-Cola

strikecocacola1

Илјадници работници во фабриките на „Coca-Cola“ протестираат во Мадрид и во Аликанте, источна Шпанија, поради плановите за затворање на овие фабрики.

Фабриките во Мадрид и Аликанте каде се полнат пијалоците се двете од вкупно четири фабрики кои американската компанија „Coca-Cola“ планира да ги затвори во Шпанија, поради што без работа би можеле да останат дури 750 лица, додека 500 од нив најверојатно би биле преместени во други фабрики, пренесува агенцијата АФП.

Работниците во оваа фабрика за полнење на пијалоци во Фуенлабрада, јужно предградие на Мадрид и еден од најсиромашните делови на шпанската престолнина, стапија во штрајк уште во петокот.

Околу 2.000 демонстранти облечени во јакни со логото „Coca-Cola“ денес пешки пристигнаа во Мадрид од Фуенлабрада. Тие носеа транспаренти на кои пишува „Бојкот, тие ги уништуваат нашите работни места“ и „Не за отказите“.

Американската компанија минатиот месец соопшти дека зaтворањето на овие две фабрики е неопходно поради зголемување на ефикасноста, но работниците тврдат дека отказите се напотребни бидејќи компанијата остварува профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП