6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајавен моделот Volkswagen Tiguan Cityscape

Најавен моделот Volkswagen Tiguan Cityscape

najava

„Volkswagen“ ги објави плановите да понуди нов модел „Tiguan Cityscape“. Дизајниран да овозможи возење во урбаната џунгла, овој модел го карактеризира двобоен екстериер, би-ксенонски светла, затемнети прозори и 18-инчни алуминиумски бандажи.

Возилото исто така доби спортска суспензија, спојлер на задниот крај на возилото како и „LED“ задни светла. Промените на ентериерот на овој модел се релативно ограничени, но овој модел е опремен со педали од нерѓосувачки челик, интересни „Innox“ украси и „Cityscape“ брендирани плочки на праговите на возилото.

Под хаубата ќе се најдат дури седум различни погонски агрегати кои ќе бидат достапни за овој модел. Во зависност од погонскиот агрегат на купувачите на располагање ќе им бидат автоматска или мануелна трансмисија и „4Motion“ системот за погон на сите четири тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП