3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали сте заглавени на лошо работно место?

Дали сте заглавени на лошо работно место?

losorabmesto1

Би си отишле ако можете… Но немате друга опција. Затоа претворете ја вашата работа од пеколот во среќна ситуација…

Ако се пожалите од својата работа, веројатно ќе добиете предавање за благодарност – во стилот „биди среќна што воопшто имаш работа“. Добро, вистина е, но не треба да поминувате осум часови во денот со чувство на очај. Еве неколку совети како лошата атмосфера да ја подобрите додека не најдете нешто подобро за вас.

Подобрете го работното опкружување

Фотографиите и билките прават чуда, но постои уште подобар начин да внесете живот во својот работен простор. Расчистете го ѓубрето од вашето биро и ќе чувствувате многу помал стрес. Оддалечете го вашиот монитор неколку стапки поназад и нека биде позициониран во висина на вашите очи. Внимавајте да нема одсјај, седете правилно, со стапалата рамно поставени на подот.

Разговарајте со колегите

Друштвеноста може и да го унапреди вашиот деловен статус. Кога ќе изградите однос со своите шефови, тоа ви овозможува да ги истакнете своите достигнувања многу поедноставно. И не заборавајте на младите колеги и приправници – менторството ќе ви годи и, исто така, може да ви се исплати кога еден ден ќе „пораснат“ и самите ќе почнат да вработуваат сопствен тим.

Искористете ја паузата максимално

Тргнете се повремено од компјутерот. Никогаш не јадете на работниот стол. Ќе ви се чини дека нема никаква разлика меѓу вашиот приватен и професионален живот. Понесете храна од дома – можете да заштедите и поздрво е, i ако тоа е можно, јадете на отворено – јасно е дека сончевата светлина понекогаш може да помогне во борбата против депресијата.

Усовршувајте нови вештини

Ако ви е здодевно со своите дневни проекти, барајте уште. Сериозно. Кога ќе слушнете за проекти на кои би сакале да работите, кажете му на својот шеф дека ви сакале да се приклучите – дури и ако тоа значи повеќе работа. Ако не поседувате соодветното знаење за тој проект, развијте го. Денес не е лесно да се добие зголемување на платата, па менаџерите бараат други начини како да ги наградат вработените со високи перформанси. Побарајте обука и можеби ќе ја добиете. Најдобро од се е тоа што секоја нова вештина вас ви гарантира многу подобра позиција за следната работа кога рецесијата конечно ќе заврши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП