26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на Шеврон

Намален профитот на Шеврон

chevron-office

Профитот на американскиот нафтен гигант Шеврон е намален во минатогодишниот четврт квартал за 32 отсто, а причина за тоа е се помалото производство на нафта и гас и пониската цена на деривати.

Нето-добивката на Шеврон во последните три месеци во 2013-та година изнесуваше 4.93 милијарди долари врз основа на приходи од 53,95 милијарди долари, што е помалку во однос на профитот од 7.25 милијарди долари и приходи од 56.25 милијарди долари од истиот период од 2012-та година.

Шеврон по акција заработи 2.57 долари, односно за пени помалку од предвидувањата на аналитичарите.

Покрај нафтениот и гасниот бум во САД, домашното производство на Шеврон е намалено во споменатиот квартал за четири проценти, а додека меѓународното производство опадна за три проценти.

Проходите на компанијата од продажбата на нафтени деривати се намалени за 58 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП