3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрување на малопродажбата во Грција

Подобрување на малопродажбата во Грција

maloprodazbagrcija227

Малопродажбата во Грција во ноември, на годишно ниво, пораснала за 2,9 проценти, по падот во октомври од 1,1 процент, бидејќи трговците во тој месец понудија попусти, кои помогнаа во зголемувањето на обемот на продажба иако приходите стагнираа, пренесува Ројтерс.

„Можеме да забележиме стабилизација на пазарот, но не и потполно заздравување. Меѓутоа, тоа е доволно добро за нас во овој момент“, изјави членот на статистичката служба Василис Коркидис.

Гледано преку призмата на заработката, обемот на декемвриската малопродажба, која ја опфаќа божиќната сезона, намален е на 7,0 милијарди евра од 7,6 милијарди евра од истиот период минатата година.

„Купувачите се насочуваат кон евтините производи за да состават крај со крај“, додава Коркидис.

Малопродажниот сектор во Грција веќе долго време се наоѓа во криза, како последица на острите мерки за штедење кои на таа земја и ги наметнаа меѓународните кредитори во замена за пакет помош и кои се одразија на потрошувачката на домаќинствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП