28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ предупредува на последици од кризата

ММФ предупредува на последици од кризата

mmf-somalia

ММФ ги повика земјите во развој да ги зајакнат одбранбените механизми, а тоа се должи на глобалната криза која предизвика огромна продажба на акциите на финансиските пазари.

Според зборовите на еден од портпаролите на таа организација, ММФ не може да идентификува ниту една причина која е одговорна за кризата, но може да ги предупреди централните банки да бидат претпазливи во заострувањето на монетарните услови, пренесува Франс прес.

„Многу земји во развој, во последниве неколку дена, се најдоа под нов пазарен притисок. Иако и понатаму е тешко да кажеме што ја предизвика огромната продажба на акции, предизвикувачката ситуација со која многу земји се соочени е последица на заострувањето на надворешните услови за финансирање, побавниот економски раст и падот на цените на суровините“, се наведува во соопштението на ММФ.

Како што се додава понатаму, најновите превирања укажуваат на потреба за координирани макроекономски и финансиски мерки, но и за добра комуникација.

Во последните неколку дена, како главна причина за одлив на капиталот од земјите во развој и пад на вредноста на националните валути, се споменува новото намалување на монетарниот стимул на американската Управа за федерални резерви (ФЕД).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП