28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlstom потпиша договор од 1,25 милијарди евра

Alstom потпиша договор од 1,25 милијарди евра

alstomdogovor1

Француската компанија „Alstom“, потпиша договор во вредност од околу 1,25 милијарди евра за испорака на две единици од 900 мегавати за најсилната термоцентрала во Полска.

„Alstom“ е еден од водечките светски производители на превозни средства и опрема за електраните.

Како што пренесува францускиот весник Капитал, договорот е потпишан со членките на конзорциумот (Polimeks, Rafako и Mostostal) кој е задолжен за испорака на оваа опрема на полскиот производител на електрична енергија, компанијата „Polska Grupa Energetyczna“, соопштија од компанијата „Alstom“.

Експлоатацијата на овие централи во југоисточниот дел на Полска треба да започне во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП