5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПорасна профитот на Мастеркард

Порасна профитот на Мастеркард

master kartd

Американската компанија Мастеркард во четвртиот квартал остварила раст на профитот од три проценти со поголеми приходи, со кои ги надоместија зголемените трошоци.

Меѓутоа, резултатите беа помали во однос на очекувањата.

Компанијата во трите месеци заклучно со декември заработила 623 милиони долари, односно 52 центи по акција. Во истиот период од минатата година, Мастеркард заработи 605 милиони или 49 центи по акција.

Приходите истовремено пораснале за 12 проценти или на 2.13 милијарди долари, пред се, благодарејќи на  зголеменото купување за време на празниците.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП