7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛавров: ЕУ не може да ги ревидира договорите за „Јужен поток“

Лавров: ЕУ не може да ги ревидира договорите за „Јужен поток“

Sergei-Lavrov

Договрите што Русија ги склучи со балканските земји за изградба на гасоводот “Јужен поток“ се дел од меѓународното право и Европската унија не може нив еднострано да ги подложи на ревизија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за утрешниот број на белградскиот весник „Политика“.

Како што јави Танјуг пренесувајќи делови од интервјуто, Лавров во него се задржал на руско-српските односи нагласувајќи дека за Русија е „важно зближувањето на Србија со Европската унија“.

„Почетокот на преговорите за членство на Србија во ЕУ не им нанесува штети на нашето партнерство и на реализиацијата на крупните економски и инфраструктурни проекти, вклучувајќи го тука и енергетскиот сектор“, изјавува Лавров во интервјуто.

Тој натаму нагласува дека Москва смета оти и нејзините „српски пријатели“ размилсуваат исто, истакнувајќи дека односите меѓу Русија и Србија не можат да бидат заложници на надворешни фактори, имајќи предвид дека двете земји ги поврзуваат „длабоки чувства на пријателство, разбирање и доверба, повеќевековна традиција на блискост меѓу народите и сеќавањето на братсвото по оружје“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП