3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi ТТ ќе се појави на саемот во Женева

Новиот Audi ТТ ќе се појави на саемот во Женева

audi tt 711

Новата, трета генерација на „Audi TT“ според претходните најави премиера ќе има на почетокот на оваа година (на саемот во Женева), додека следната година ќе се појави и неговата „Roadster“ верзија. Додека да се случи тоа, еве и нови компјутерски цртежи кои покажуваат каков ќе биде неговиот изглед.

Новиот „TT“ ќе биде направен на „MQB“ платформата на „Volkswagen“, ќе има поширока ширина на тркалата и подобар распоред на тежината во однос на актуелниот модел, додека димензиите нема значително да се менуваат.

Се најавува и намалување на тежината (дo 100 kg, благодарејќи на зголемената употреба на алуминиум), подобрени возни карактеристики, зголемена безбедност, богата опрема и помала потрошувачка на гориво, а ќе постојат и верзии со само преден погон и погон на сите четири тркала.

audi tt 5

Изгледот на предниот дел на „ТТ“ ќе биде инспириран од новите модели на овој производител (како неодамна претставениот „Allroad Shooting Brake Concept“), a што се однесува до моторот, еден сигурно ќе биде 2.0-литарски турбо бензинец со околу 220KS.

Се очекува исто така и бензинскиот модел 1.8 TFSI со 180KS, потоа „Audi TTS“ со 280KS, пa „Audi TT“ со 2.0 TDI дизел од околу 190KS, како и спортски „TT-RS“ со 2.5 литарски TFSI од 380 „коња“.

audi tt 8777

Уште претходно беа објавени фотографии од внатрешноста која во „PR“ соопштението беше опишана како спортска и свртена кон возачот, а има и „виртуелен кокпит“ кој ја комбинира инструмент таблата и инфо-системот во една единица. 12.3-инчниот „TFT“ екран има два различни начини на употреба – класичен изглед, со што се елиминира потребата за секундарен инфо екран.

Во внатрешноста исто така се истакнува воланот со срамнет долен дел, алуминиумски детали, ревидирана централна конзола и „S“ спортски седишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП