29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБананата е идеален оброк полн со витамини

Бананата е идеален оброк полн со витамини

banance25

Како и секое друго овошје, бананата е нискокалорична намирница која е идеален меѓуоброк. Таа е исклучителен извор на калиум, цинк, витамини А, Б, Ц, влакна и лесно се вари, освен ако не е зрела.

Предноста на ова овошје е тоа што подолго време ја задржува ситоста, но за време на диетата, многумина ја избегнуваат бидејќи сметаат дека во споредба со другите овошја, таа најмногу придонесува за дебелеењето.

Претерувањето во било која храна, па така и во бананата, може да доведе до дополнителни килограми. Бананите содржат помал процент на вода отколку останатите овошја, што значи повеќе јаглехидрати, не содржат масти, но содржат шеќер.

Ако јадеме премногу банани во денот, наместо да се претвори во енергија, гликогенот ќе се складира во црниот дроб и ќе се претвори во маст, затоа е многу важно да не претеруваме со нивната количина.

Бананите помагаат да се надмине депресијата затоа што содржат високо ниво на триптофан кој се претвора во серотонин – хормон на среќата. Бананите ги намалуваат отоците, штитат од дијабетес тип 2, помагаат во губењето на килограмите, го зајакнуваат нервниот систем и го поттикнуваат производството на бели крвни зрнца, а сето тоа затоа што содржат високо ниво на витамин Б6. Бидејќи се богати со пектин, бананите го потпомагаат варењето и го ослободуваат телото од токсини и тешки метали. Покрај тоа, бананите го поттикнуваат развојот на добрите бактерии во цревата и лекуваат запек и пролив. Ако јадете банани, ќе го спречите ракот на бубрезите и ќе ги зајакнете коските затоа што бананите се богати со калциум.

При држењето на диета, најдобро е ова овошје да го конзумирате еднаш во денот и тоа во утринските часови (или 2 банани максимум), со цел подоцна преку активност да ги потрошите внесените калории. Спортистите за да добијат енергија јадат до 5 банани во текот на еден ден, особено во деновите во кои имаат потешки физички напори.

Слободно каснете си банана, не се грижете, таа нема да ве здебели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП