6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да станете подобар шеф

Како да станете подобар шеф

good1

Се повеќе истражувања говорат за тоа како да ја зголемите продуктивноста, на кој начин да ги поттикнете вработените, како да излезете на крај со тешкиот шеф… Доколку сакате да направите и да ги забрзате позитивните промени во вашето работење, посветете се на интеракцијата со вработените. Овој пристап бара неколку минути од вашето време и го претставува текот на почетните точки, но и чекор кон тоа вашите вработени да ве сметаат за подобар шеф.

Издвојте 90 секунди да кажете „благодарам“

Кога некој од вашите луѓе ќе направи нешто добро, најдете време да напишете благодарница, и тоа со своја рака, и-мејл не се важи.

*Заблагодарете и се на одредена личност поради тоа што го направила, и покажете дека го цените нејзиниот труд. На пример, заблагодарете и се на колешката која се јавувала на телефон наместо вас тоа утро.

*Детелно објаснете и како ви помогнала

*Кажете и зошто е тоа важно, истакнете колку е тоа важно за тимската работа.

Поставете четири прашања:

Најдете пет минути да му ги поставите на секој од вашите луѓе овие прашања:

*Дали ние ги исполнуваме ветувањата кои сме ви ги дале?

*Што мислите, што е она што ние го работиме најдобро?

*Постои ли нешто што сте го виделе на другите места каде што сте работеле, за што би сметале дека може да ја подобри работата на нашата компанија?

*Дали во некој случај сме направиле нешто, што би можело да доведе до тоа да ја напуштите нашата компанија и да дадете отказ?

Кога ќе им ги поставите прашањата, внимателно слушајте ги своите вработени, пишувајте забелешки, и ветете им дека ќе ги исполните. Не дозволувајте да влегувате во расправии само поради различните точки на гледиштата.

Забавувајте се

Излезете со својот тим надвор, играјте фризби, гледајте заедно смешни видео снимки, играјте некоја игра и направете натпрвар – правете се што ви годи и опуштете го својот колектив… Како резултат, сигурно ќе добиете екипа која ќе има повеќе ентузијазам.

Оваа работна недела веќе помина, но имате време за викендот да размислите како да ги примените овие совети на најдобар начин, и понеделнички да започнете со вашето подобрување. Да се биде одличен шеф навистина се исплати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП