19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на министерот Димовски со француската амбасадорка Оер

Средба на министерот Димовски со француската амбасадорка Оер

O

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска имаше состанок со амбасадорката на Франција во Република Македонија Лорeнс Оер.

Амбасадорката Оер, соопшти Министерството за земјоделство, истакнала дека до амбасадата постојано стигнуваат барања за соработка во областа на земјоделството, посебно во делот на винарството и сточарството, но и дека Франција и Македонија имаат што да понудат во областа на винарството.

– Не сакаме да соработуваме само во комерцијална смисла, туку и во креативниот дел и би сакала да ја истакнам нашата беспрекорна соработка со Винарската визба Тиквеш во областа на енологијата, изјавила амбасадорката Оер.

На средбата со министерот Димовски, се додава во соопштението, дојде со конкретно барање од Регионалното европско здружение за винарство од Франција за соработка и членување на македонските здруженија за вина од Македонија.

Министерот Димовски истакнал дека Министерството и Република Македонија посветуваат големо внимание на односите и соработката со земјите членки на ЕУ и дека има интерес за градење поблиски односи со Франција, посебно во делот на земјоделството. – Нам ни е битно членството во што повеќе организации за вино, затоа што винарството е сектор во кој во изминатите неколку години вложуваме значајни средства, а она што ни претставува особено задоволство е подигнувањето на квалитетот на виното, нагласил Димовски.

Според него, Македонија како држава многу повеќе произведува вино, отколку што може да потроши, и тоа, како што вели, не принудува преку производство на квалитетно вино и промоција на надворешните пазари да го зголемиме извозот на вино.

Тој упатил покана до француските компании кои се заинтересирани за инвестиција во земјоделството да дојдат во Македонија и одблиску да се запознаат со можностите за инвестирање. Укажал на фактот дека Македониј петта година по ред од Европската Комисија добива позитивна оценка во делот на земјоделството, 95 проценти од законодавството во земјоделството е хармонизирано со европската легислатива, што, според него, ни дава за право уште поагресивно да вложуваме во овој сектор.

Секоја година, информира Димовски, го зголемуваме извозот на земјоделски производи и вино, а со тоа и производството со што земјоделството стана трет сектор во државата.

Амбасадорката се заблагодарила за насоките од министерот Димовски за областите во кои може да се оствари соработка и истакнала дека лично ќе се заложи за интензивирање на соработката меѓу двете земји, посебно во земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП