2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗдравје Радово со нови производи ќе го зголемува пазарниот удел

Здравје Радово со нови производи ќе го зголемува пазарниот удел

mlekara zdravje radovo

Здравје „Радово“ ќе го освојува пазарот со нов производ од гамата јогурти. Моментално нивниот пазарен удел е 14 проценти и планираат двојно да го зголемат.

Маркетинг менаџерот Павел Павловски, промовирајќи го новиот јогурт на Здравје Радово, рече дека тој претставува надополнување на веќе постоечки бренд кој е добро етаблиран и се продава добро. Целта, како што рече, е за да се засили брендот.

Појасни дека новиот јогурт е во старото пакување, со минимално изменет вкус, а за да има масовна дегустација и за да се уверат во квалитетот потрошувачите ќе биде со промотивна цена меѓу 42 и 47 денари.

Павловски истакна дека имаат огромно количество суровина, што значи дека најголемите фарми и најголем број кооперанти соработуваат со млекарата. Тој додаде дека сега имаат околу 100 илјади литри на ден суровина, а годинава очекуваат да стигнат до 150 илјади литри прием.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП