8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена продажбата на Tornos за 16 проценти

Намалена продажбата на Tornos за 16 проценти

tornos54

Швајцарскиот производител на машински алати „Tornos“ во изминатата година забележа пaд на продажбата од 16 проценти на годишно ниво, така што вкупните приходи изнесуваа 155,3 милиони франци.

Вредноста на дојдовните нарачки во истиот период достигна 151,9 милиони франци, што е за 14 проценти помалку во однос на 2012 година, соопшти компанијата, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

Групацијата исто така најави дека ќе продаде дел од учеството во капиталот на швајцарско-германската компанија „Walter-Fust“, во која „Tornos“ има 43 проценти од акционерскиот капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП