ПочетнаКОМПАНИИПроКредит Банка повторно го потврди добриот кредитен рејтинг

ПроКредит Банка повторно го потврди добриот кредитен рејтинг

prokredituuuu

Меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” во 2014 година, повторно го потврди кредитниот рејтинг од “ББ+” на ПроКредит Банка Македонија и ја зголеми оценката за индивидуалната кредитна способност на Банката од “b” на “b+”.

Зголемувањето на оценката годинава се должи на добриот квалитет на активата и ниското учество на кредити во доцнење над 90 дена, кое од 2010 се одржува во опсег од 2% до 3% и во континуитет е под просекот на банкарскиот сектор.

Долгорочниот рејтинг на ПроКредит Банка е резултат на позитивните резултати на Банката меѓу кои: квалитетот на кредитното портфолио и релативно нискиот степен на кредити во доцнење споредено со нивото на банкарскиот сектор, солидната капитална адекватност, високиот степен на ликвидност и диферзифицираната депозитна база, како и поддршката од акционерите, пред се ПроКредит Холдинг-доминантниот сопственик на ПроКредит Македонија, со седиште во Франкфурт Германија.

Од 2005 година, aгенцијата Fitch Ratings редовно го оценува кредитниот рејтинг на Банката, задржувајќи ја оценката “ББ+”, кој е највисокиот кредитен рејтинг кој финансиска институција во Македонија може да го добие.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП