19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина: Нула економски раст во 2013

Украина: Нула економски раст во 2013

ukrainaukuk

Украина минатата година регистрираше нула економски раст, бидејќи по трите квартали на негативен раст, во четвртиот квартал беше регистриран силен раст.

Бруто домашниот производ (БДП) на Украина во периодот од октомври до декември порасна за 2,4 проценти на годишно ниво, така што тоа на земјата и помогна да постигне нула економски раст за цела година, се наведува во соопштението на Заводот за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Земјата со 46 милиони жители до октомври минатата година беше соочена со пет последователни квартали на негативен раст.

За тој пад, економистите го обвинија неефикасниот преработувачки сектор и комплицираната државна администрација која го блокираше приливот на странски инвестиции.

Според најновите проценки, украинската влада за оваа година предвидува економски раст од три проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП