5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштено осветлувањето на клучката кај Штип

Пуштено осветлувањето на клучката кај Штип

osvetluvanjeulichno1

Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски и штипскиот градоначалник Илчо Захариев денеска и официјално го пуштија во употреба осветлувањето на клучката кај Штип, една од најфреквентните сообраќајни точки, која е влез и излез на регионалните и магистрални патишта кон источна и југоисточна Македонија.

Георгиевски информира дека станува збор за инвестиција од околу 27 милиони денари, а се поставени канделабри во должина од 5.500 метри.

– Денеска го пуштаме и овој дел од Источна Македонија, која е една од најголемите клучки на овој простор, кој е влез на Штип, но и за патните правци кон Кочани, кон Радовиш и Струмица, изјави Георгиевски.

Поставени се вкупно 130 канделабри со висина од 12 метри на кои се поставени светилки од 250 вати. Осветлувањето е изведено со систем за намалување на потрошувачката на електрична енергија (димирање) на сите светилки со намалување на влезниот напон.

Притоа светилките со полна сила од 250 вати ќе трошат 150 вати.

Системот за димирање се вклучува во 23:00 часот, кога фреквенцијата на сообракајот е намалена, а се деактивира со исклучување на светилките, а по потреба и порано.

Градоначалникот Илчо Захариев рече дека ова е голем ден за Штип, но и за источна Македонија, бидејќи на оваа клучка се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

– Штип доби нешто многу убаво, бидејќи кога ќе влегувате или излегувате ќе бида како во велеград и морам да кажам дека Владата на Република Македонија си стои на своето источна Македонија да биде навистина убаво место. Оваа година го очекуваме и стартот на изградбата на автопатот, реновирањето на патот Штип-Велес, Штип-Кочани и делот кон Радовиш, вели Захариев.

Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски најави дека проектот со осветлување на клучките на патните правци во земјава продолжува кон Радовиш, Струмица, како и во западна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП