5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајновиот Google паметен телефон пристигна во Македонија

Најновиот Google паметен телефон пристигна во Македонија

NEX

Верен на својата определба да им ги овозможи на корисниците во Македонија најновите технолошки достигнувања во мобилната телефонија, за првпат и ексклузивно на македонскиот пазар, Вип го донесе најновото остварување на LG и Google –  супериорниот паметен телефон LG Nexus 5.

Петтата генерација паметни телефони од серијата Nexus работи на најновиот Android оперативен систем KitKat 4.4 и располага со одлични перформанси кои гарантираат беспрекорно корисничко искуство. Телефонот е веќе достапен за корисниците на Вип и тоа за 0 денари со тарифниот пакет Vip Free+ NoLimit+ со договор на 24 месеци.

– Горди сме на фактот што успеавме да го донесеме во Македонија наследникот на популарниот Nexus 4, кој беше во нашата понуда веднаш по неговата светска премиера.  Во интерес на нашите корисници и нивните потреби, остануваме посветени да им ги овозможиме светските новитети во мобилната телефонија по најповолни услови, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип оператор.

Најтенкиот и најбрзиот Nexus телефон до сега има импозантен 5-инчен Full HD екран со заштита од оштетување од најновата генерација Gorrila Glass 3 и најнапредна технологија која овозможува брза реакција на допир и одлична видливост и острина на сликата со што се добива неверојатно визуелно искуство. Во уредот е вградена 8 MP камера со оптички стабилизатор на сликата, и Google апликации и алатки кои им овозможуваат на корисниците да креираат фотографии, видео материјали и анимации како со професионална опрема.

За брзината и одличните перформаси на Nexus 5 е задолжен моќниот четири јадрен Snapdragon 800 процесор сo 2,3 GHz и 2 GB RAM која овозможува истовремено користење на бројните Google апликации вградени во уредот, како што се: Gmail, Chrome, Calendar, Maps, Drive, Hangouts или Google Now која овозможува гласовно пребарување.

Повеќе информации, за оваа и останатите понуди на Вип, корисниците можат да добијат на телефонскиот број на контакт центарот 077 1234 или на www.vip.mk

NEXUSS5

Главни карактеристики на LG Nexus 5:

 

  • Процесор: Qualcomm Snapdragon™ 800 со 2.26 GHz Quad-Core Krait CPU
  • Оперативен систем: Android 4.4 KitKat
  • Мрежа: UMTS, LTE
  • Екран: 4.95-инчи Full HD IPS (1920 x 1080 пиксели)
  • Меморија: 16GB
  • RAM: 2GB
  • Камера: 8.0MP задна / 1.3MP предна
  • Батерија: 2.300mAh Li-Polymer

време на разговор: 16 часа / време на мирување: 390 часа

  • Димензии: 137.9 x 69.2 x 8.6mm
  • Тежина: 130g

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП