26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКампања за ажурирање на личните податоци

Кампања за ажурирање на личните податоци

foldersdocuments1

Корисниците на ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје и ЈП Водовод и канализација – Скопје, денеска од 14 до 18 часот во трговскиот центар Сити Мол, можат да ги достават своите пополнети формулари со ажурирани лични податоци.

Корисниците имаат обврска, секоја промена на личните податоци да ја ажурираат и достават до компаниите кои вршат јавна услуга во рок од 30 дена. Компаниите пак се одговорни за обработката на личните податоци на корисниците и за роковите на нивното чување, а тоа го обезбедуваат со технички и организациски мерки и процедури за заштита на личните податоци. За целосно почитување на овие начела, ажурирањето на личните податоци во текот на овој проект ќе се врши со пополнување на формулар кој на граѓаните веќе пристигнува заедно со сметките за струја, парно и вода., соопшти ЕВН Македонија.  Пополнетите формулари, освен денеска, граѓаните ќе може да го остават во означените кутии во некој од наплатните пунктови на ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи

Груп ДООЕЛ – Скопје или ЈП Водовод и канализација Скопје до 15 март 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП