4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon може да ја зголеми таксата за испорака

Amazon може да ја зголеми таксата за испорака

amazon

Американската компанија „Amazon“ ја разгледува можноста за зголемување на надоместокот за испорака на стоки од 20 на 40 долари, објави „The Financial Times“.

Во услови на растечка конкуренција на онлајн пазарот, „Amazon“ станува зависна во САД и Европа од можноста да ги испорачува незјните стоки побрзо од своите конкуренти. Финансискиот директор на компанијата Том Шкутек забележува дека „Amazon“ ги нема подигнато надоместоците за испорака веќе девет години, додека во исто време нејзините трошоци постојано растат.

Овој чекор може да го зголеми профитот на компанијата, но претставува ризик од гледна точка на потенцијалната загуба на клиенти. Според финансискиот извештај на „Amazon“ за четвртиот квартал на 2013-та година профитот на компанијата изнесува 239 милиони долари или 51 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП