11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛитванија оствари раст од 3,4 проценти

Литванија оствари раст од 3,4 проценти

litvanijalitlit1

Литванија, која наредната година има намера да се приклучи во еврозоната, во минатата година оствари раст од 3,4 проценти.

Тоа е благо забавување во однос на растот од 3,5 проценти во 2012 година, покажуваат официјалните податоци.

Владата во Вилнус очекува дека економијата на оваа земја оваа година ќе забележи ист раст, што би било значително забавување во однос на растот од 6,1 проценти во 2011 година, јавува агенцијата Франс прес.

„Ова се добри резултати кои не ги очекувавме. Градежниот сектор најмногу придонесе за растот, но важно е да се спомене и зголемената продажба на недвижнини“, изјави еден независен литвански аналитичар, пренесува Франс прес.

Според него, Литванија минатата година примила две милијарди евра од европските структурни фондови, што му помогнало на градежниот сектор. Литванија планира во јануари наредната година да се приклучи во еврозоната, на што повеќето граѓани од оваа земја се противат поради страв од зголемување на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП