29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСрцето сака разновидна исхрана

Срцето сака разновидна исхрана

srceraznovidna1

Млечните производи, како и овошјето и зеленчукот, штитат од кардиоваскуларни болести, покажуваат објавените резултати од двете научни истражувања за срцето, кои ги пренесуваат француските медиуми.

Истражувањето на француските научници покажува дека млечните производи имаат добро дејство врз срцето и крвните садови, но предупредуваат дека не постои „волшебна“ храна која би ја спречила појавата на кардиоваскуларни болести.

„Млечните производи го намалуваат нивото на гликоза во крвта кај дијабетичарите и нивото на холестерол“, се наведува во резултатите од истражувањето.

Еден од истражувачите Жен Фериер изјави дека за срцето идеално е ако секојдневно се јадат три до четири млечни производи, 500 до 600 гр. овошје и зеленчук и до 150 гр. леб или житарици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП