16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle објави пониска добивка од очекуваната

Google објави пониска добивка од очекуваната

google3

Интернет гигантот „Google“ објави помала од очекуваната добивка за четвртиот квартал, иако приходите од основната интернет активност на компанијата се зголемија за 22% .

Компанијата најави 12.01 долари заработка по акција при приходи од 16.86 милијарди долари. Прелиминарните очекувања на аналитичарите беа за заработка по акција во износ од 12.20 долари при 16.75 милијарди долари во приходи.

Приходите од основната дејност на „Google“ изнесуваат 15.72 милијарди долари или 22% повеќе во споредба со една година порано. Приходите од делот „Motorola“ биле 1.24 милијарди долари, што е намалување во споредба со постигнатите 1,51 милијарди долари од пред една година порано. Платени прегледи на онлајн реклами на „Google“ скокнаа со 31% на годишна основа, но просечната цена на клик, која „Google“ ја добивала е намалена за 11% .

Во средата „Google“ објави дека ја продава „Motorola“ на „Lenovo“ за 2,9 милијарди долари, откако ја купија компанијата за 12,4 милијарди долари во 2012-та година. „Motorola“ изгубила речиси 2 милијарди долари, откако „Google“ го презеде нејзиното управување, а за овој период е скратен бројот на вработени од 20.000 на 3.800. „Motorola“ објави оперативна загуба во износ од 384 милиони долари за четвртиот квартал. Од „Google“ исто така најавија дека Бордот на директори ја одобри долгоочекуваната емисија на акции од Класа C, која е дел од планот на компанијата за поделба на акциите. Поделбата се очекува да се реализира на 2-ри април. Ваквиот потег беше забавен, бидејќи некои од акционерите во „Google“ стравуваа дека од него по неправеден начин ќе профитира основачите на компанијата Лари Пејџ и Сергеј Брин.

Сопствениците на акции од Класа А , ќе добијат еднаков број акции од Класа C. Првично вредноста на сегашните акции ќе биде поделена подеднакво помеѓу двата типа акции, по што тие ќе се тргуваат одделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП