3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛовиштето Јасен на светската мапа на ловните туроператори

Ловиштето Јасен на светската мапа на ловните туроператори

jasen-rezervat111

Ловиштето Јасен е атрактивна и позната дестинација за ловџиите од САД и Русија, а последните години и љубителите на ловот од Европа.

За да го одржат интересот за овој ловен предел во кој живее и рисот како заштитен автохтон и редок дивеч, во соработка со дипломатските представништва и промотори низ светот, раководството на Јасен заедно со Агенцијата за промоција на туризам вршат интензивен маркетинг прилагоден на подрачјето каде се презентираат.

„Во моментов државните ловишта на Република Македонија се лидери на Балаканот, а веќе три години зад нас се Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска..“, истакнуваат од ловиштето Јасен.

Ловот во ова државно ловиште се спроведува исклучиво врз основ на годишни договори со лиценцирани ловни тур-оператори од светот. Во договорите се дадени т.н. ловни пакети за определени видови дивеч и термини кога таквиот лов може да се реализира.

Директорот на ловиштетот Михаил Малахов на денешната прес-конференција ќе информира за досегашните активности на ова ЈП, како и за идните планови, кои се засноваат на програмата на Владата на Република Македонија за забрзан развој на ловниот туризам, преку која добиваат финансиски средства за интензивна продукција на автохтон дивеч.

Измените на Законот за ловство, особено во делот, учество на сите домашни и странски лица преку електронски систем на надавање за добивање на концесија на дивечот во ловиштата поднесени од Владата на Република Македонија, ја лансира Република Македонија меѓу државите низ светот со најуреден и единствен таков пример на можност и транспарентност во светот.

ЈП Јасен од 2011 год е членка на Интернационалниот Совет за заштита на дивиот свет и дивечот, која е најголемата интернационална организација за лов како држава членка под уставно име – Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП