
Американецот од индиско потекло Сатја Надела ќе биде новиот генерален директор на компјутерскиот гигант „Мајкрософт“.


Американецот од индиско потекло Сатја Надела ќе биде новиот генерален директор на компјутерскиот гигант „Мајкрософт“.
Надела, кој работи во „Мајкрософт“ од 1992 година, во моментов е извршен заменик-претседател на компанијата.
Во август минатата година актуелниот раководител на корпорацијата Стив Балмер ја објави одлуката да се пензионира во текот на оваа година.
Тој изјави дека е подобро „во новата епоха „Мајкрософт“ да влезе со нов лидер, кој ќе ги забрза промените“.