23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Дојче Телеком“ планира да инвестира 1,2 милијарди евра во Грција

„Дојче Телеком“ планира да инвестира 1,2 милијарди евра во Грција

telekom1

Германскиот телекомуникациски гигант „Дојче Телеком“ во следните четири години планира да инвестира 1,2 милијарди евра во Грција, соопшти Кабинетот на грчкиот премиер Андонис Самарас по неговата средба со првите луѓе на компанијата.

Како што јави агенцијата АНА-МПА, на средбата било разговарано за стратегијата за развој на „Дојче Телеком“ во глобални рамки, со посебен акцент на инвестициските проекти во Грција.

Самарас со раководството на „Дојче Телеком“ разговарал и за можностите за преструктуирање на грчката телекомуникациска компанија ОТЕ, чиј мнозински сопственик е германскиот гигант.

ОТЕ беше меѓу првите државни претпријатија во Грција што беа приватизирани во текот на 2010 година, како дел од мерките за излез на земјата од длабоката економсика криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП