3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави инфлацијата во Германија

Забави инфлацијата во Германија

inflacija1

Стапката на инфлација во Германија, најголемата европска економија, забави во јануари, покажуваат официјалните податоци во Берлин.

Трошоците за живот овој месец се зголемија за 1,3 проценти на годишно ниво во однос на растот од 1,4 проценти од декември, наведува германскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени „HICP“, кој како мерило за инфлацијата го користи Европската централна банка (ЕЦБ), инфлацијата во Германија во јануари изнесува 1,2 проценти, како и во декември. ЕЦБ смета дека постои ценовна стабилност ако „HICP“ е блиску, но под два проценти.

Германија прелиминарните податоци за инфлацијата ги пресметува врз основа на статистиката од шест покраини, а конечните податоци врз основа на статистиката од сите 16 покраини се очекуваат на 13 февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП