2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlrosa: Продажба на дијаманти од 38 милиони карати

Alrosa: Продажба на дијаманти од 38 милиони карати

dijamanti162

Најголемиот светски производител на дијаманти, руската групација „Alrosa“, во 2013 година го зголеми производството на 36,9 милиони карати.

Тоа е за седум проценти повеќе во споредба со претходната година. Продажбата на дијаманти достигна 38 милиони карати, соопшти компанијата, пренесува агенцијата Итар тас.

Од тоа, 26,7 милиони карати се со јувелирски квалитет по просечна цена од 176 долари за карат, а 11,3 милиони карати се со технички квалитет со средна цена од девет долари за карат.

„Alrosa“ очекува дека приходите во 2013 година ќе бидат за десет проценти поголеми во однос на 2012 и ќе достигнат најмалку 165 милијарди рубљи (3,5 милијарди долари).

Производството на дијаманти во четвртиот квартал минатата година изнесуваше 9,9 милиони карати, што е за десет проценти повеќе во однос на истиот период претходната година.

Продажбата истовремено достигна 10,8 милиони карати, од кои 6,7 милиони карати со јувелирски квалитет по цена од 192 долари и 4,1 милион карати со технички квалитет по просечна цена од седум долари за карат, се наведува во соопштението.

Во оваа година компанијата очекува производство од околу 36 милиони карати, продажба од околу 38 милиони карати, вклучувајќи околу 2 милиони карати од резервите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП