28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеминар: Производство на био гас од биоматеријали

Семинар: Производство на био гас од биоматеријали

biogas-n-media-images-fotolia

Македонија, според одредени анализи има капацитет за производство на 30 мегавати електрична енергија од отпад преку преработка со современа технологија, истакнаа учесниците на денешниот меѓународен семинар на тема „Современи технологии за гасификација од биомаса и нивна практична примена“.

Златко Поповски, македонскиот претставник на регионалниот енергетски форум на Југоисточна Европа, кажа дека шпанската команија „Екотек“, што денеска се претстави на семинарот, работи со технологија која од секаков вид на отпад произведува електрична енергија на нов начин со нови технолошки постапки.

„Многу мал процент на ѓубриво излегува како неискористен, а е со поголем ефект на искористување и пократко време на создавање на син гас, кој што може да се употреби во гасификациските системи. Целта е во Македонија, односно во руралните делови каде што има потреба од такви островски единици за произвотство на електрична енергија, да може да се добие енергија со јачина од 100-200 – киловати па се до 10, 20 или 30 мегавати во зависност од можностите“, истакна Поповски.

Посочи дека таковиот начин на производство овозможува да се отворат нови работни места и нов извор на енергија која стопроценти се добива од искорестеност на биомасата.

Професорката Христина Спасеска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), организаторот на семинарот, кажа дека целта е да се види дали има можности да се примени новата технологија за производство на био гас од биоматеријали што ја промовира шпанската компанија во технолошкиот парк што ФЕИТ планира да го изгради до фалултетот.

„Технолошкиот парк ќе има делови за обновливи извори на енергија, а тука спаѓаат сите типови на обновлива енергија, сончева, ветерна и енергија од биоматеријали“, истакна Спасеска.

На семинарот учесниците се запознаа со најновите информации за достапните напредни и модерни технологи понудени на пазарот и за гасификација од биомаса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП