3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзата Astra досега ќе биде претставена во Женева

Најбрзата Astra досега ќе биде претставена во Женева

opel extrem astra

Од Опел најавија дека на саемот во Женева ќе го претстават концептот „Astra OPC EXTREME“. Автомобилот е базиран на тркачкиот модел „Astra OPC Cup“, a според зборовите на луѓето од компанијата, ова ќе биде најбрзата „Astra“ која ќе може легално да се вози по јавните патишта.

„Astra OPC EXTREME“ претставува духовен наследник на „Opel Astrа OPC X-Treme“ од 2002-ра, a предвидено е по овој концепт да биде понудена и продукциска верзија која ќе се изработува во ограничена серија.

Благодарејќи на употребата на компоненти од јаглеродни влакна, концептот ќе биде полесен од стандардната „Astrа OPC“ од 2012-та чија маса изнесува 1.373 kg.

Потсетуваме, актуелната „Opel Astra OPC“ со 280 Ks (206 kW) и 400 Nm, досега беше најмоќната сериски произведена „Astra“, a се очекува дека концептот OPC EXTREME ќе развива и преку 300 ks.

Автомобилот ќе има и специјални аеродинамички додатоци, меѓу кои е и големиот спојлер кој се наоѓа на крајот на покривот, додека на првата фотографија која се појави од овој автомобил може да се забележат и двате пара издувни цевки.

Повеќе информации за овој концепт ќе можеме да дознаеме во почетокот на март, за кога е закажан женевскиот авто-саем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП