2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоњановски: Тутунот ќе се откупува и за време на викендите

Коњановски: Тутунот ќе се откупува и за време на викендите

tutun konjanovski

Од задутре тутунот ќе се откупува и за време на викендите, секоја сабота и недела, најави денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по посетата на пунктовите во Прилепско и работната средба со откупувачите.

Со ваквата одлука со која, нагласи, им се излегува во пресрет на производителите, а откупните претпријатија веднаш ја прифатија, ќе се забрза динамиката на откуп и родот ќе биде преземен пред завршување на законскиот рок, 15 март.

Според Коњановски, досега се откупени повеќе од 16.000 тони тутун, додека просечната цена е 154 денари за килограм. Се очекува нејзино зголемување, повеќе од 160 денари зашто сега ќе се носат горните берби и уште поквалитетниот тутун.

Заменик-министерот апелираше откупувачите да го ценат родот реално и да не се обидуваат да работат на штета на тутунарите.

„Будно ги следиме состојбите и бараме Законот за тутун да се почитува во целост. Секој тутунар што смета дека е оштетен при проценката треба да се обрати до Инспекторатот за земјоделство за да се направи повторна проценка од страна на Второстепената комисија“, потенцира Коњановски.

Посветеноста на Владата кон тутунарите, подвлече, се гледа во прецизните правила за откуп дефинарани во Законот, како и во поддршката од 60 денари за килограм. Годинава ќе бидат исплатени 30 милиони евра субвенции за тутунот.

Од Инспекторатот информираа дека досега на 10 компании им се изречени казни поради непочитување на Законот за тутун.

„За прекршување на законските прописи се изречени 10 казни во вкупна вредност од 150.000 евра зашто компаниите на земјоделците и на поверениците не им ги кажуваат одбитоците при ценењето на тутунот“, изјави Сашо Ракочевиќ, главен земјоделски инспектор.

Контролите проодлжуваат, на терен се сите 45 инспектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП