26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткажани летови во Скопје, дел пренасочени во Охрид

Откажани летови во Скопје, дел пренасочени во Охрид

skopjanka-napadnala-policiski-sluzhbenici-na-aerodromot-aleksandar-veliki-118337

– Маглата се уште го попречува нормалното одвивање на авиосообраќајот во државата.

Попладнево на скопскиот аеродром „Александар Велики“ откажани се летовите за Љубљана, а летот за Дубаи ќе се реализира од охридскиот аеродром каде во 12 часот слета авионот на „Флај Дубаи“.

Откажани се и попладневните слетувања од Љубљана за Скопје, а со задоцнување се очекува пристигнувањето на авионот од Белград.

Поради маглата состојбата со авиосообраќајот во државата се менува од час во час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП