5 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтагнира невработеноста во Германија

Стагнира невработеноста во Германија

germanynevrabotetete

Стапката на невработеност во Германија во јануари е во мирување, бидејќи пазарот на трудот е стабилен благодарение на подобрената економска прогноза.

Бројот на невработени луѓе во најголемата европска економија, според сезонските прилагодени податоци, во јануари е намален за 28.000 луѓе, наведува германскиот Завод за статистика, а пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите очекуваа значајно помал пад од 5.000 луѓе. Стапката на невработеност остана непроменета на 6,8 проценти, додаваат од Заводот.

Од друга страна, кога од пресметката ќе се одземат сезонските фактори, бројот на луѓе без работа пораснал за 263.018 на 3,13 милиони луѓе, а невработеноста во јануари пораснала на 7,3 од 6,7 проценти од декември.

Меѓутоа, Заводот, напоменува дека тие податоци се одраз на вообичаената зимска пауза во вработувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП