5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Форд Мондео пристигнува во Еврoпа до крајот на 2014-та

Новиот Форд Мондео пристигнува во Еврoпа до крајот на 2014-та

mondeo ford

Според најновите информации, петата генерација на лимузината на Форд конечно ќе пристигне и на европскиот пазар. Сепак, новиот Мондео не треба да се очекува во продажба пред октомври 2014-та.

Во Форд планираа европското производство на Мондео да започне уште во април 2013-та година, но дојде до одложување поради проблемите кои беа поврзани со хомологацијата и техничките спецификации на автомобилот. Иако првенствено се говореше дека почетокот на производството ќе доцни најмногу до три месеци, чекањето се одложи на една година.

Како што дознава „Auto Express“ во разговор со шефот на Форд во Велика Британија, Мондео ќе биде лансиран во последниот квартал од 2014-та. Новата генерација, барем на британскиот пазар, би требало да биде малку поевтина од актуелната верзија, па основниот модел би чинел околу 15.500 фунти (18.800 евра).

Кога станува збор за моторите, тука пред се е новиот 1.5-литарски „EcoBoost“ бензинец со 150 ks (110 kW) и 240 Nm максимален вртежен момент. Овој мотор пристигнува како замена на постоечката 1.6-литарска единица, а основната предност на новиот мотор ќе биде тоа што ќе биде поекономичен и ќе има помала емисија на јаглен диоксид.

Интересно е тоа што Форд во новиот Мондео ќе вградува и трицилиндарски 1.0-литарски „EcoBoost“ кој ќе овозможи овој голем семеен автомобил да емитува помалку од 130 грама „CO2“ по километар.

Што се однесува до моторите, во понудата ќе бидат и 2.0-литарски „EcoBoost“, a oд дизелите новиот 1.5-литарски „TDCi“, како и веќе познатиот дволитарски.

Планирана е и верзија со хибриден погон која ќе се состои од 2.0-литарски бензински мотори и електромотор, а комбинираната снага на погонскиот систем ќе достигне 190 ks (140 kW).

Хибридниот Мондео би требало просечно да троши 4,3 l/100 km со „CO2“ емисија која изнесува 99 g/km. Кога за погон користи само електрична енергија, овој автомобил е во состојба да помине и до 32 km, a во хибриден начин на возење е во состојба до 100 km/h да забрза за 8,5 секунди.

Новиот Форд Мондео стандардно ќе биде опремен со шестстепен мануелен менувач, додека како опција во понудата ќе биде и шестстепен „Powershift“ автоматик со двојно квачило. Покрај тоа, предвидено е петата генерација на Мондео да биде достапна и во верзија со погон 4х4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП