27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Први знаци на закрепнување во банкарскиот сектор

ЕЦБ: Први знаци на закрепнување во банкарскиот сектор

ecbnew1

Европскиот банкарски сектор кој се наоѓа во тешка состојба покажува први знаци на закрепнување, иако сеуште е рано да се каже дека кризата е завршена, порачува Европската централна банка.

Анкетата која ЕЦБ ја спроведе меѓу банките покажува дека тие планираат да ги ублажат условите за кредитирање и да ја зголемат достапноста на кредити за компаниите, што ќе биде значителен поттик за слабата економија на еврозоната, пренесува агенцијата Франс прес.

Побарувачката за кредити, сепак, и понатака е слаба, додава банката.

Процентот на банки кои очекуваат заострување на критериумите за одобрување на кредити на компаниите и домаќинствата е намален во четвртиот квартал на два од пет проценти од третиот квартал, наведува ЕЦБ, додавајќи дека во првиот квартал од 2014 година се очекува дека речиси сите банки ќе ги ублажат условите за кредитирање на корпорации надвор од финансискиот сектор.

„Јануарската анкета на тема кредитирањето во банките овозможува дополнителни докази за стабилизација на условите за кредитирање за компаниите и домаќинствата, во однос на упорно слабата побарувачка на кредити“, наведува ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП