10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжени роковите за елаборати на дивоградби и за легализација на тераси

Продолжени роковите за елаборати на дивоградби и за легализација на тераси

terasilegalizacija1

– Рокот за достава на елаборати за легализација на дивоизградени објекти се продолжува до 31 декември 2015 година. Ќе биде продолжен и рокот за легализација на тераси пренаменети во станбен простор до 30 јуни 2015 година.

Ова се дел од измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти што Владата го усвои на последната седница.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информираше дека измените се направени по направените анализи и консултации со граѓаните и геодетските фирми.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, осврнувајќи се на продолжувањето на рокот за легализација на тераси, напомена дека тоа ќе важи за оние доградби кои се изградени до 3 март 2011 година.

Освен ова, со измените се допрецизира и постапката за легализација на подземната инфраструктура.

Досега се легализирани околу 90 илјади дивоизградени објекти од вкупно поднесените 350 илјади барања за легализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП