12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФејсбук: Раст на акциите и раст на профитот

Фејсбук: Раст на акциите и раст на профитот

fb rast akcii

Најголемата друштвена мрежа „Фејсбук“ во последниот квартал оствари осум пати поголем профит во однос на претходната година.

Приходите во изминатиот квартал пораснале на 2.5 милијарди долари, додека на годишно ниво тие изнесуваат 7.8 милијарди долари. Акциите на оваа друштвена мрежа пораснале на 60,05 долари.

Основачот и директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг рече дека ова бил одличен крај на годината за компанијата.

Компанијата со седиште во Менло Парк во Калифорнија, својот 10-ти роденден ќе го прослави на 4-ти февруари.

Како што истакнуваат од „Фејсбук“, бројот на активни корисници на месечно ниво пораснал за 16 проценти во однос на минатата година и изнесува 1.2 милијарди, а од нив 945 милиони луѓе користат апликација за мобилните уреди.

Приходите од рекламирањето пораснале на 2.3 милијарди долари во последниот квартал што е 76 проценти повеќе во однос на 2012-та година.

Од тоа, приходите од мобилното рекламирање прават 53 проценти, а таа сума порасна за 23 проценти во однос на четвртиот квартал од 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП