18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБеше еднаш една земја: Колкави се платите во поранешна Југославија?

Беше еднаш една земја: Колкави се платите во поранешна Југославија?

sfrjplati1

Судејќи според податоците кои ги објави Заводот за статистика во Србија, просечната нето плата во Србија, исплатена во декемви минатата година изнесувала 440 евра.

Како што покажува статистиката на податоците од Хрватскиот завод за статистика, просечната нето плата по вработен за ноември минатата година изнесувала 737 евра. Значи, еден просечен Хрват месечно во својот новчаник става 300 евра повеќе од просечниот Србин.

Просечната нето плата за ноември 2013 година во Словенија изнесувала 1,045 евра.

Пресметката е едноставна, просечниот Хрват заостанува во приходите во однос на словенечкиот колега исто онолку, колку што е подобар од српскиот колега.

Уште попоразително е кога ќе се согледа фактот дека платата на еден просечен Србин е помала за 600 евра од просечниот словенец.

Граѓаните на Република Србија гледаат и во грбот на најмладата република од поранешна Југославија, односно Црна Гора. Црногорците, имено, месечно заработуваат по 486 евра.

Единствени, според расположливите податоци, кои заработуваат помалку од Србите се граѓаните на Босна и Херцеговина, чија просечна нето плата за ноември 2013 година изнесувала 423 евра и Македонија.

Според податоците на Заводот за статистика на Македонија, платата за ноември изнесувала 21.054 денари (342 евра), со што се наоѓаме на дното помеѓу поранешните југословенски држави.

Сепак, и едните и другите далеку заостануваат зад платите во поранешна Југославија. И сега кога ќе пресметаме, што мислите каде се наоѓаме денес во однос на „поранешното братство“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП